Левандовски е во страшна форма, само Македонија „имаше“ среќа! (ФОТО)

twitter.com/FCBayern

И натпреварувачката 2019/20 ја започна како и во изминатите години, голгетерски, страв и трепет за секој голман. Полскиот репрезентативец беше еден од најзаслужните за третата победа по ред во Лигата на шампионите за Баерн Минхен на жешкото гостување во Атина против Олимпијакос.

Роберт Левандовски двапати се запиша во листата на стрелците против грчката екипа и така германскиот првак на три кола до крајот на групната фаза веќе е на чекор од пласман во нокаут-фазата.

Левандовски (31) кој од 2014 година ги брани боите на баварскиот гигант и со кој има договор до 30 јуни 2023 година, и сезонава се наоѓа во страшна форма.

Тоа го докажува и следниот податок, во последните 10 натпревари единствено не постигнал гол против Македонија во Варшава на 13 октомври.

Кога сме веќе кај дуелите меѓу Полска и Македонија, нашата одбрана барем го спречи супер напаѓачот да постигне гол против нас, но затоа во Варшава двапати асистираше за триумф на Полска од 2:0.

Како и да е, да се вратиме на неговиот учинок, значи два голови против Олимпијакос, по еден против Лајпциг, Црвена Звезда, Падерборн, Хофенхајм и Аусгсбург, по два против Келн и Тотенхем, а хет-трик забележа за репрезентацијата против Летонија.

Единствено Македонија ја „имаше“ таа среќа во последните 10 мечеви да не дозволи да прими погодок од полската голгетерска „машина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот