Левандовски е подготвен на драстично намалување на платата само за да игра за Барселона

Роберт Левандовски /фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски сè поизвесно е дека летово ќе го напушти Баерн и ќе се пресели во Барселона, пишува „Билд“.

Германскиот весник пишува и дека Баерн Минхен е подготвен да прифати многу пониска понуда од Барселона.

Управата на каталонскиот тим, според „Билд“, веќе подготвила понуда во која нуди 35 милиони евра отштета и плус нуди еден фудбалер кој од „Камп Ноу“ би се преселил во Минхен.

Весникот исто така пишува дека Левандовски сака да се пресели во Барселона и е подготвен за значително намалување на платата поради лошата финаниска ситуација на каталонскиот тим. Полјакот во Баерн заработува околу 23 милиони евра по сезона, а во Барселона би играл за 10 милиони евра годишно.

Договорот на Левандовски  кој сезонава даде 50 гола на 46 натпревари во сите конкуренции, истекува идната години, а одличниот напаѓач ги одби суте понуди на Баерн за продолжување на соработката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот