Левандовски е лут на Баерн, во ПСЖ го чекаат со раширени раце

Полскиот репрезентативец, голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Полскиот репрезентативец е лут на управата на Баерн Минхен и поради тоа не е исклучено идното лето да си замине од германскиот шампион.
Оваа вест ја лансира „Билд“ кој открива неколку проблеми на релација фудбалер-управа.

Прво, на Левандовски не му се допаднаа коментарите на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ за интересот на Баерн за Ерлинг Халанд бидејќи полскиот репрезентативец смета дека заслужува поголем респект од управата на клубот во кој настапува седум години.
Левандовски наводно бил фрустриран по натпреварот со Гројтер Фирт бидејќи беше прекината неговата голгетерска серија поради што тренерот Јулијан Нагелсман мораше да го смирува. Левандовски му се пожалил на Нагелсман дека соиграчите го игнорираат, а неколку дена подоцна не се појави на заедничкото дружење кое го организираше капитенот Мануел Нојер.

Следен голем проблем кој го натера Левандовски да размислува за заминување од „Алијанц Арената“ е тоа што управата сè уште не го контактирала неговиот агент Пини Захави околу продолжување на договорот. Дополнителен проблем за Баерн е тоа што Левандовски сака да потпише договор до 2025 година кога би имал 37 години.

Захави сака што побрзо да го слушне мислењето на управата по ова прашање бидејќи Левандовски и покрај тоа што има 33 години, сè уште е еден од најдобрите напаѓачи на светот, а со тоа е и меѓу најбараните од врвните екипи.
Два тима кои се подготвени да влезат во луда трка по понеговиот потпис доколку одлучи да си замине од Баерн се Манчестер сити и ПСЖ.

На Пеп Гвардиола во Сити му е потребна машина за постигнување на голови, а Левандовски е токму тоа. Пеп изминатото лето пропушти да го ангажира Хари Кејн и нема шанси да пропушти да влезе во евентуалната трка за потписот со Левандовски на кого му беше тренер две сезони.

Но, фаворит за потпис со Левандовски доколку стане слободен играч по завршување на сезоната е ПСЖ кој се поизвесно е дека ќе остане без Килијан Мбапе кој ќе се пресели во Реал Мадрид. ПСЖ сака да донесе екстра квалитетна замена за Мбапе и единствено решение е токму Левандовски.

И Баерн се подготвува за живот без Левандовски и ги бара неговите наследници. Најголема желба на управата е да го донесат Ерлинг Халанд, но исто така гледа и кон и Челси и Салцбург. Доколку не успее да се договори со Халанд, Баерн ќе тргне по Тимо Вернер од Челси како и Карим Адемеји кој игра одлично во Салцбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот