Левандовски: Дадовме среќен гол

Најдобриот фудбалер на Полска, Роберт Левандовски не се наигра вчечавечер против Македонија во квалификациите за ЕП 2020. Тој призна дека Полска стигна до победа со среќен гол, а играта на неговата репрезентација била очајна.

– Дадовме среќен гол и после се повлековме за да го браниме резултатот. Верувам дека ќе бидеме подобри во иднина, но никаков бенефит немаме од ова. Ние мора да покажеме супериорност против вакви противници. Македонија не е таква класа да не може да направиме шанса, а фактот е дека можеби направивме едвај една и ова не е доволно за нашиот квалитет. Се мачиме, па после овој меч тешко е воопшто да се каже што беше позитивно,  освен резултатот – изјави Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот