Левандовски би можел да направи трансфер во Премиер лигата

Роберт Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен/ фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Се шпекулира дека долгогодишниот голгетер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски летово ќе го напушти германскиот великан.

Изминатиот период Левандовски по завршувањето на последниот меч на клубот во Бундеслигата за полските медиуми изјави дека многу е можно дуелот со Волфсбург да биде негов последен во дресот на баварскиот гигант.

Полскиот напаѓач има уште една година од важечкиот договор и управата веруваат дека играчот ќе остане и следната сезона.

Се поврзува со трансфер во редовите на Барселона, а денеска во трката за потписот на најдобриот светски фудбалер за 2021 се вмеша и Челси.

Интересно е што Баерн беше заинтересиран за членот на лондонските „сини“, Ромелу Лукаку во претходниот период, но засега нема најави за потенцијална размена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот