Лев не успеа да ја зачува тајната, почна да учи шпански јазик

epa08738781 Germany's head coach Joachim Loew leads his team?s training session in Cologne, Germany, 12 October 2020. Germany will face Switzerland in their UEFA Nations League soccer match in Cologne on 13 October 2020. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Јоаким Лев неодамна објави дека по завршување на Европското првенство ја напушта селекторската функција по 15 години.
По неговата објава веднаш започнаа шпекулациите за идниот чекор на Јоаким Лев, а сега германскиот весник „Билд“пренесува дека тој запишал приватни часови за изучување на шпанскиот јазик.

Оваа вест веднаш ги фрли во транс навивачите на Реал Мадрид бидејќи претседателот Флоренитно Перез неколку пати се обиде да го донесе Лев на клупата на „кралевите“.
Првиот обид на Перез беше во 2014 година по освојувањето на Германија на титулата во СП во Бразил, но цврстиот договор со Германската фудбалска федерација го соречи да размислува за такво нешто.

Конечната одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, Јоаким Лев ќе открие на лето, но по веста на „Билд“ се јавија мадриските медиуми како „Марка“ и „Ас“ кои веднаш го посочија Германецот како наследник на Зинедин Зидан кој најверојатно на лето ќе си замине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот