Летувањето нема да биде исто: Грците воведоа нови мерки, ова може да ве дочека кога ќе пристигнете

epa07701293 People enjoy the sun and the sea, before or after having exercised their right to vote for the general elections, at Alimos beach near Athens, Greece, 07 July 2019, Greek voters will go to the polls on 07 July 2019 to cast their ballots in the Greek general elections. EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Во Грција, мерките кои се воведени против ширењето на вирусот „Ковид-19“ ќе бидат постепено укинати, сепак, животот и однесувањето на грчките плажи ќе биде радикално променето од она на што се навикнати мештаните и туристите.

Научниците тврдат дека вирусот не се пренесува така лесно преку вода, но портпаролот на грчкото Министерство за здравство и инфектологот, Сотирис Циодрас тврди дека пливањето во области без гужва претставува мал ризик, јавува порталот Грик рипортер.

Сепак, според порталот, важно она што го правиме кога не сме во вода, а тоа претставува најголема опасност за грчките власти, поради што сметаат дека е неопходно да се воведат одредени мерки.

Што би можело да ве дочека на плажите?

Меѓу мерките што ги разгледуваат властите се:

– поединечен влез на организираните плажи за да се избегнат гужвите;

– чистење на лежалкиte со специјални средства за дезинфекција по заминувањето на туристите;

– одржување на растојание од лежалка до чадорите за сонце;

– резервација на лежалките

Промени дури и кога се враќате во сместувањето

И додека плажите уште некое време дефинитивно ќе бидат празни, бидејќи сезоната не се очекува да започне пред јуни, се очекуваат промени и далеку од песокот.

За почеток, се очекува да само одредени туристи од одредени земји да можат да влезат во Грција.

-Секоја опција за патување оваа година вклучува почитување на новите правила. Треба да смислиме нови правила за хотелите, плажите, базените, појадокот во сместување, нови правила за екскурзиите, автобусите, рече грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис.

Грција во голема неволја

Бидејќи туризмот е еден од главните столбови на грчката економија, правилата треба да се смислат наскоро.

Комората на хотелиери во Грција се соочува со огромен проблем. Поради огромниот број откажани аранжмани, се проценува дека над 65 проценти од членовите на угостителските гиганти ќе мора да прогласат банкрот.

Кристина Тетрадис, која има ресорт на Јонско море на популарниот Закинтос и која е лидер на комората, вели дека секој чекор мора внимателно да се процени.

-Последно нешто што сакаме е угостителите да бидат одговорни за продолжување на пандемијата и загрозување на животот на персоналот и гостите, истакна таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот