„Лету штуке“ имаат нов спот за стара, но актуелна песна: Погледнете го и преслушајте ја „Параноја“! (ВИДЕО)

Фото: Промо

„Лету Штуке“, легендарната босанскохерцеговска група, предводена од истакнатиот автор Дино Шаран, има нов спот за нивната песна од 2008 година, но која, во моменталната светска ситуација, стана доста актуелна.

Нумерата се вика „Параноја“, а е дел од албумот „Протеини и јаглехидрати“. Песната ја следи забавен, анимиран видеоспот, а е објавена на 1 април.

– Параноја е сатирична песна и има намера со својата содржина и пропратно видео да ја насмее публиката во овие тешки моменти. Оттаму и идејата датумот на објавување да биде на 1 април, меѓународниот Ден на шегата – истакна Дино Шаран.

– Песната е објавена уште во 2008 година на албумот „Протеини и јаглехидрати“, а сега конечно има и видео. Уживајте! – порача Шаран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот