Летот на Си е најследениот лет во светот, дури 80 илјади го следеле во живо

Авионот на кинескиот претседател Си Џинпинг слета на меѓународниот аеродром Внуково во Москва, а самиот лет предизвика голем интерес. Летот на Боинг 747-89Л го следеа во живо повеќе од 81.000 луѓе на веб-страницата „ФлајтРадар24“, што го направи најследен лет во светот.
Си главно користи комерцијален Боинг 747-89 изнајмен од „Ер Чајна“ за патувања на долги релации.
Stando a Flightradar24 l'aereo del Presidente cinese Xi Jinping sarebbe atterrato a Mosca. pic.twitter.com/tbD8EE5lnB
— Han Skelsen (@HSkelsen) March 20, 2023
Само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за негово апсење, рускиот претседател Владимир Путин го пречекува кинескиот лидер во Москва со цел „да одигра конструктивна улога во промовирањето на мировните преговори“ за војната во Украина.
Кинескиот претседател денеска ја започнува посетата на Русија, што е негова прва посета на странска земја откако по трет пат беше избран за претседател на Кина, а воедно и прва посета на Русија од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина во февруари 2022 година.
Right now #XiJinping's plane is landing at Vnukovo #Moscow – Flightradar24 pic.twitter.com/S90msN59cK
— RRN.world (@RRN_breaking) March 20, 2023
Посетата ќе ги постави основите за развој на кинеско-руските односи во следните пет години и ќе го продлабочи меѓусебното разбирање меѓу Москва и Пекинг за важни меѓународни и регионални прашања, пренесува РИА Новости.
Волстрит журнал, повикувајќи се на свои извори, објави дека по посетата на Москва, Си Џинпинг би можел да одржи онлајн средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.