Летонија прогласи вонредна состојба на границата со Белорусија

Гранична полиција
Гранична полиција/ Фото: PETRAS MALUKAS / AFP / Profimedia

 Летонија денеска прогласи вонредна состојба на границата со Белорусија и ја овласти граничната полиција да користи огнено оружје и сила за да спречи илегална миграција.

Летонија, како и соседна Литванија, се соочуваат со зголемен прилив на илегални мигранти од Блискиот Исток кои  во земјата влегуваат од Белорусија во последните месеци.

Вонредната состојба ќе биде во сила од 11 август до 10 ноември, јавија локалните медиуми.

Границата меѓу Летонија и Белорусија е долга околу 175 километри.

Во последните четири дена, 283 лица беа приведени во Летонија за илегален премин од Белорусија. Ова е последица на тензиите меѓу Белорусија и ЕУ, а балтичките држави ја обвинуваат Белорусија дека се одмаздува за санкциите што ги воведе Унијата врз официјални лица од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот