Летонците, Естонците и Пољаците „фрлаат“ најмногу пари за алкохол

Во 2021 година, домаќинствата во ЕУ потрошиле повеќе од една милијарда евра или 7,1 отсто од вкупниот БДП на Унијата за храна и безалкохолни пијалоци.

Тоа е околу 14,3 отсто од вкупните расходи на домаќинствата, што е за 0,5 отсто помалку од 2020 година. Најголем дел од трошоците за храна и безалкохолни пијалоци во 2021 година е забележан во Романија (24,8 отсто), Литванија (20,4 отсто), Бугарија (20,1 отсто), Естонија (19,9 отсто), Полска и Словачка (по 19,6 отсто). Од друга страна, најмало учество има Ирска (8,3 отсто), Луксембург (9 отсто), Австрија (10,9), Данска и Германија (по 11,8 отсто).

Во однос на 2020 година, учеството на вкупните трошоци на домаќинствата за храна е намалено во сите земји на ЕУ, освен во Полска и Словачка, каде што се зголеми за по 0,2 отсто, пренесува порталот Каматица. Меѓу членките на ЕУ, најголем удел во вкупната потрошувачка на алкохолни пијалоци во 2021 година е забележан во Летонија (пет проценти), Естонија (4,7 проценти), Полска (3,7 проценти), Литванија и Чешка (по 3,6 проценти).

Од друга страна, најниско учество има Грција и Италија (и двете по 1,0 отсто), Холандија (1,3) и Шпанија (1,4). Во 2021 година, во споредба со претходната година, учеството на вкупните трошоци на домаќинствата за алкохол остана непроменето во 10 земји од ЕУ, а се зголеми само во Хрватска за 0,6 отсто. Најголем пад на консумацијата на алкохол е забележан во Ирска, Латвија и Литванија, Шпанија и Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот