Летно решение: Пет најдобри начини да ги замрзнете тиквичките

тиквички замрзнување
ФОТО: Pixabay

Многу добар начин да обезбедиме залихи свежина за зимата е да замрзнеме тиквички. Секогаш избирајте ги целосно здравите и млади тиквички за замрзнување, никако презреаните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Maria Ogris (@evamariaogris)

Најлесен и најбрз начин е тиквичките едноставно да ги измиете, да ги исечкате и да ги ставите во ќеси, па потоа во замрзнувачот. Но, и тука има повеќе опции, кои зависат од тоа за каков вид јадење подоцна ќе ги користите.

Рендани тиквички – измијте ги, излупете ги и изрендајте ги тиквичките. Исцедете го вишокот вода од нив па наполнете ги ќесичките за замрзнувач. Вака замрзнатите тиквички можете да ги користите за чорби, пити, пасти…

Издлабени тиквички – Ако замрзнувате тиквички за подоцна да ги полните, тогаш мора да ги издлабите и да ги ставите во ќеси за замрзнување. Мора да знаете дека вака подготвените тиквички заземаат малку повеќе простор во замрзнувачот.

Кругови од тиквички – Измијте ги тиквичките, исечете ги краевите па сечете ги на подебели кругови заедно со кората. Тиквички замрзнати на овој начин, кога ќе се одмрзнат, се погодни за похување.

Бланширање – Секој зеленчук, пред да се замрзне, може термички да се обработи, вклучувајќи ги и тиквичките. Ставете исечени тиквички во врела вода на 2 минути, па потоа замрзнете ги.

Видео на денот