Летна нега: Заштитете ја кожата од сонцето

Нанесувањето на крема за сончање кога веќе ќе стигнете на плажа е една од најголемите грешки што можете да ги направите. Кремата се нанесува пред излегување на сонце, а потоа на секои два часа.

Почесто треба да се мачкате ако пливате, нуркате, се занимавате со спорт или ако многу се потите.
За да ја заштитите кожата од сонцето, освен добро избраниот заштитен фактор, потребна е и доволна количина од производот. Скоро е невозможно да нанесете премногу крема за сончање, всушност е поголема веројатност дека не ја нанесувате доволно.

А потемнетиот тен бара и дополнителна доза на нега. Изложувањето на сонце ја исушува кожата, ја прави поподложна за создавање брчки, а тука е и непријатното чувство на затегнување. Ако на тоа ги додадете ветрот, солта и недоволната хидратација, сонот за блескав тен може да се претвори во ноќна мора.

Иако изгледа дека лосионот за нега по сончање не се разликува од обичниот, тој има поинаква улога и поинакви својства. Длабински ја навлажнува кожата, ја санира штетата од претходното сончање, ја подготвува кожата за следното изложување на сонце и ја смирува кожата.

Против црвенило, евентуални мозолчиња и осип најдобро делува алоето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот