Летна чистка во Рома и Интер

EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Рома и Интер се соочуваат со огромни проблеми сезонава, атмосферата во двата клуба е на ниско ниво, во двете соблекувални постојано има конфликти и цената ќе ја платат речиси сите.
Во Интер, поради нетрпението меѓу тренерот и најдобриот играч, Лучано Спалети и Мауро Икарди сите „валканици“ од соблекувалната која е поделена на неколку кланови, излегуваат во јавноста. Претседателот Марота одлучи цехот да го плати тренерот кој  заминува на крајот од сезоната и негов наследник се очекува да биде Антонио Конте од кого ќе зависат и новите засилувања.

Како стојат работите Интер ќе го задржи Икарди, а си заминува Иван Перишиќ кој е во тивка војна со капитенот. За него интерес има од англиските екипи. Раџа Наинголан ќе се пресели во Кина, а со доаѓањето на Диего Годин, прекуброен во одбраната е Стефан Де Фрај.

Во Рома на лето две клупски икони се очекува да добијат далеку поголеми овластувања. Франческо Тоти се очекува да биде назначен за спортски директор, а сегашниот капитен Даниеле Де Роси ќе ја заврши кариерата и веднаш ќе ја презеде тренерската функција.

Според „Кориере дело Спорт“ само десет фудбалери се сигурни за следната сезона, а од имињата кои треба да си заминат, најчесто се шпекулира со Џеко, Н’Зонзи, Манолас, голманот Олсен, Шик, Пероти, Карсдроп, а доколку пристигне богата понуда тогаш и Ченгиз Унгер ќе го напушти Олимпико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот