Летен Саем на книга во Рамстор

Од денес во Рамстор Мол започнува Саемот на книга организиран од трговскиот центар во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), а ќе трае до 12ти јуни.

На овогодинешниот летен саем на книгата учество ќе земат неколку издавачки куќи и книжарници меѓу кои: Издавачки центар ТРИ, Просветно дело, Литература МК, Култура, Икона, Ѓурѓа, Сакам Книги, Полица, Топер, Антолог, Едука Мак.

Според претседателот на МАИ оваа година овој летен саем на книгата покрај големиот избор на книги, ќе понуди навистина голема интерактивна содржина и секојдневна дружба со писателите и авторите.

– Македонската асоцијација на издавачи во соработка со Рамстор Мол преку промоција и дружба со писателите има за цел да ја доближи книгата до читателите. Токму затоа оваа година нашите реномирани издавачи се погрижија да подготват уште поатрактивна саемска понуда збогатена со многу настани, како средби со автори, потпишувања. Затоа би сакал да ги повикам сите љубители на добрата книга да дојдат од 06 до 12 јуни во Рамстор Мол и да уживаат во времето поминато со омилените автори – изјави Бојан Саздов.

Сите учесници на саемот нудат богат избор на книги и стручна литература, најнови изданија од продукцијата на реномираните издавачки куќи од Македонија, кои на читателите ќе им понудат повеќе 1000 наслови од својата програма, што претставува одлична можност за посетителите да ја збогатат својата домашна библиотека по пристапни и намалени цени. За време на саемот Рамстор Мол секој ден ќе наградува фанови на социјалните мрежи со книга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот