Летен фестивал на книгата – лето со мирис на книги

 Под мотото „Лето со мирис на книги“ вчера започна Летниот фестивал на книгата кој ќе трае до 21 август. Милена Сиљаноска уредник во издавачката куќа ТРИ во интервју за Утрински брифинг вели дека фестивалот ќе донесе многу книжевни новитети, големи попусти на целокупната понуда на изданија, промоции, средби, награди и изненадувања за читателите.

– И оваа година летната понуда во ТРИ ќе ги донесе најдобрите наслови во своите книжарници, но и на виртуелните полици на kniga.mk – попустите до 50 % ќе важат и онлајн и ќе бидат достапни од секаде и во секое време. Со тоа ќе можат љубителите на книга да си купат книга за на плажа, најубавата атракција за топлите летни денови, вели Сиљановска.

Таа вели дека фестивалот ќе го одбележи доаѓањето на многу нови наслови.

– Покрај атрактивните попусти, во текот на целото лето ќе пристигнуваат ексклузивни нови изданија од домашната и светската книжевна сцена, наслови како „Надвор од редот“ од Џордан Питерсон, „Пчеларот од Алепо“ од Кристи Лефтери, „Половината што ми недостига“ од Брит Бенет, „Пачинко“ од Мин Чин Ли, „Трагачот“ од Тана Френч, сосема нов ПланУМ, како и нови книги од Рафаела Жордано, Ањес Мартен-Лиган, Малком Гладвел, Ерик Емануел Шмит, Харуки Мураками, Брајан Трејси, Дејл Карнеги, додава Сиљановска.

Фестивалската понуда, покрај изданијата на ТРИ и Паблишер, опфаќа уште 11 други издавачи и повеќе од 600 наслови со попуст до 50 %, како и попусти до 80 % на класици и врвни изданија од светската книжевност кои се дел од акцијата 5 за 499 денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот