„Летечкиот“ Македонец Иџе подготвен за новата сезона во ТЦР Италија

Фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе најави дека годинава ќе настапува во ТЦР италијанскиот шампионат.

Според најавите ќе има доста исклучително добри возачи и се очекува бројката на натпреварувачи да биде релативно висока.

Како и лани и годинава ќе биде дел ПМА Моторспорт тимот од Италија со кој минатата година беа направени исклучително добри резултати на трките кои можеа да се појават.

– Благодарност до мојот тим, Стефановски рејсинг кој и оваа сезона е позади мене. Благодарност до спонзорите кои ќе ги носам нивните логоа и бои на мојот автомобил.

Се надевам дека ќе направиме добри резултати. Ќе се обидам да ве израдувам максимално, ќе се потрудам македонското знаме да го развиорам на највисокото место на пиедесталот, иако ќе биде тешко со овие тимови и возачи што се тука, но мислам дека ќе се претставиме добро. Поздрав до цела македонска јавност, благодарам за поддршката која ми ја давате – вели Стефановски.

За претстојниот викенд е најавена првата трка од ТЦР Италија, поточно во Монца, в сабота од 13:35 и во недела од 10.05 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот