„Летечкиот“ Македонец Иџе најдобар и на втората трка во Португалија

Игор Стефановски доминираше во португалската Брага/Фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Македонскиот возач продолжува да доминира во португалската Брага на патеката „Рампа дал Фапера“ во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Игор Стефановски – Иџе ја освои повторно првата позиција (1 категорија) овојпат со остварено време 2:16.296. Воедно беше остварен нов рекорд во групата „3“.

На втората позиција се најде Габриела Кореја од Португалија, пред Хрватот Томислав Мхвич.

Нашиот Иџе претходно триумфираше и во рамките од првата трка Повеќе прочитајте ТУКА

Според програмата шампионатот ќе продолжи во Шпанија во периодот од 13-15 мај 2022 год.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот