„ЛЕТЕЧКИОТ“ МАЈКЛ: Џордан ја избра најдобрата петорка на сите времиња! (ФОТО)

Поранешниот НБА кошаркар Мајкл Џордан ја избра најдобрата петорка на сите времиња. Секако немаше потреби да биде скромен, тој секако би бил меѓу најдобрите во историјата, а интересно е тоа што сите играчи се од неговата ера.

– Можам да зборувам само за нив, за оние со кои сум играл, затоа мојот избор ќе биде ограничен на кошаркари од мојата ера – рече Џордан, според многумина најдобриот играч на сите времиња.

На позицијата плеј го постави легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, како двојка е самиот Мајкл Џордан, потоа на позицијата крило е Скоти Пипен (неговиот соиграч од Чикаго Булс).

За четворка помалку изненадувачки е поставен Џејмс Ворти, кој со „езерџиите“ освои три шампионски прстени, и на центарот секако фантастичниот Хаким Олаџувон.

Значи, Меџик, Џордан, Пипен, Ворти и Олаџувон е изборот на неповторливиот, „Летечкиот“ Мајкл.

Шесткратен НБА шампион со Булси, 10 пати најдобар стрелец и петпати избран за најкорисен играч (МВП) во лигата. Девет пати бил избран во првата одбранбена петорка, а три пати бил најдобар по бројот на украдените топки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот