„ЛЕТА“ СО 10.000 КМ/ЧАС: Она што го тестираше американската војска нема да се види ниту на бавна снимка

тест санка
Принтскрин

Американското воено воздухопловство „Ер форс“ тестираше т.н. хиперсонична санка која може да се движи со брзини и до 10.000 километри на час.

Со ова, може да се каже дека ништо досега познато на светот не може да го стигне ова „летало“, кое во секунда мине и до три километри. Целиот процес на тестирање бил сниман, а објектот не бил видлив ниту кога снимката била успорена четирипати.

Хиперсоничната санка е тестирана во базата Холоман во Ново Мексико. Нема податоци кога се случувало тестирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот