Лестер не може да гради нов стадион поради дождалец

твитер

Лестер е вистински хит во Премиер лигата и засега е единствен сериозен конкурент на Ливерпул за титулата. Менаџерот Брендан Роџерс создаде моќна екипа која ги меле противниците во Премиер лигата, „лисиците“ се во серија од осум победи по ред и заостануваат само осум бодови зад лидерот на табелата.

Иако на теренот се му оди од рака на Лестер, надвор од него сопствениците се соочуваат со проблеми околу изградбата на новиот стадион за што веќе обезбедија 136 милиони евра.

Тие веќе пронајдоа локација за иградба на новиот стадион, ја предадоа целата документација, но изградбата сè уште не е започната. Имено, на земјиштето кое избрано да се гради новиот стадион на Лестер живее ендемска врста на животни, поточно 348 дождалци (водоземно животно слично на гуштер), кои се заштитени со британскиот закон за животни.

Локалните власти го стопираа проектот на Лестер, а сопствениците, семејството Шриваданапрабха се обидува да пронајде решение за невообичаениот проблем. Според властите во Лестер има само две можности, или да се преселат дождалците на друго место или да се најде друга локација за изградба на новиот стадион и спортски центар на „лисиците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот