Лестер ќе биде противникот на Челси во финалето на ФА Купот

Џејми Варди најверојатно ќе ја заврши кариерата во Лестер сити/Фото: EPA-EFE/Richard Heathcote

Фудбалерите на Лестер обезбедија пласман во финалето на ФА Купот откако со 1:0 го совладаа Саутемптон во второто полуфинале.
Ова ќе биде прво финале во ФА Купот за Лестер по пауза од половина век, односно „лисиците“ последен пат во финалето играа 1969 година. Од друга страна, Саутемптон пропушти можност  прв пат да игра во финалето на најстарото фудбалско натпреварување во Англија по 2003 година.

Интересно е што единствениот шут во рамки на голот всушност и беше погодок, а него го постигна Келечи Ихеначо во 55. минута. Вчера, екипата на Челси со 1:0 го совлада Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот