Лестер го продолжува ловот на Ливерпул, осми триумф во низа

twitter/Premier League

Екипата на Лестер дојде до осмата победа по ред во Премиер лигата откако на гостувањето кај Астон Вила славеше со 1:4. Според прикажаните игри во досегашниот дел од сезоната но и според состојбата на табелата, токму Лестер е единствен конкурент на Ливерпул во трката за титулата.

„Лисиците“ со новиот триумф дојдоа до 38 бодови за второ место на табелата, осум помалку од лидерот Ливерпул, но и шест повеќе од шампионот Манчестер сити.

Повторно фантастичен натпревар одигра Џејми Варди постигнувајќи гол на и на осмиот натпревар по ред, и остана во потера по сопствениот рекорд кој изнесува 11 натпревари во низа на кои постигнува гол. Интересно е што рекордот Варди го постави во сезоната 2015-16 кога Лестер ја освои титулата.

Токму Варди со голот во 20. минута го отвори резултатот, а Ихеначо на четири минути до крајот на полувремето зголеми на 0:2. Тронка надеж за Астон Вила даде Џек Грилиш кој во судиското продолжение намали на 1:2.

Сепак, во второто полувреме, прво Еванс зголеми на 1:3 во 49. минута за во финишот Варди да го постави конечниот резултат.

Во останатите два натпревари, Норвич е поразен со 1:2 од Шефилд јунајтед, додека Њукасл пред своите гледачи со 2:1 го совлада Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот