Лестер го освои првиот трофеј во сезоната

EPA-EFE/Andy Rain

Фудбалерите на Лестер триумфираа во англискиот Суперкуп, популарниот Комјунити шилд откако денеска на стадионот „Вембли“ во Лондон славеа со 1:0 над Манчестер сити.

Вообичаено на стартот од сезоната, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола направи доста измени во составот, остави поголем број на фудбалери надвор од протоколот, додека на спротивната страна, Брендан Роџерс изведе состав со цел да да го освои првиот трофеј во  новата сезона, и успеа во својата намера.

Натпреварот започна со добра можност за Сити, но голамнот на Лестер, Каспер Шмајхел, одлично реагираше на шутот од слободен удар на Илкај Гундоган.
Првата шанса за Лестер дојде преку Џејми Варди но до крајот на полувремето немаше промени на резултатот.

Мрежите мируваа се до 87. минута кога Нејтан Аке стартуваше над Келечи Ихеначо по што судијата досуди пенал. Сигурен реализатор беше токму Ихеначо кој му го донесе првиот трофеј на Лестер во новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот