Лесно се подготвува, исчистете го телото и заштитете се од појава на неколку типови рак

Овој природен напиток е исклучително вкусен и го чува здравјето. Толку многу е корисен што е препорачливо да го пијат дури и трудниците.

Доколку сте во потрага по здрава напивка, која покрај тоа што е вкусна ќе ви го регенерира телото, ќе помогне во исфрлањето на наталожените токсини, ќе ви го подобри видот, тогаш овој е вистинскиот напиток за вас. Тајната на здрав и витален организам лежи во редовното пиење сок од морков.

Одржувајте ја кожата здрава

Сокот подготвен од моркови благопријатно делува на кожата доколку редовно го пиете. Во неговиот состав се концентрирани бета-каротенот, лутеинот и ликопенот, кои се многу корисни за одржувањето на здравјето на најголемиот човечки орган – кожата.

Бета-каротенот, меѓу другото, значително многу помага во намалувањето на воспалителните процеси и помага во брзото зацелување на надворешните рани на телото со кои сте се здобиле по најразлични основи. Доколку често го пиете овој исцелителен напиток, кожата ќе биде поубава, поздрава, блескава и без површински црвенила и непосакувани иритации.

Прочитајте и...  Како да си помогнете доколку имате запек

Го подобрува видот и ги штити очите

Бета-каротенот, лутеинот и зеаксантинот кои се наоѓаат во сокот добиен од цедење моркови се вистински сојузници што го подобруваат здравјето на очите, а истовремено помагаат во зачувувањето на видот и тогаш кога поради работата мора постојано да работите пред компjутер, но и доколку сте во поодмината возраст.

Бета-каротенот внесен во организмот се претвора во витамин А, кој пак од друга страна е пресуден и исклучително важен за зачувувањето на видот. Благодарение на лутеинот, пак, дури за 50 отсто ќе ја намалите можноста за појава на катаракта, која за жал станува сè позачестена појава кај луѓето во третата доба.

Го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања и мозочни удари

Секојдневното консумирање сок од овој исклучително здрав зеленчук, ќе ви помогне да го намалите оксидативниот стрес, а истовремено ќе го намали и ризикот од појава на одредени срцеви заболувања и можноста за појава на мозочен удар особено доколку станува збор за помлади лица.

Прочитајте и...  Оливија Њутн откри зошто со Џон Траволта не играа во продолжението на „Брилијантин“!

Меѓу другото, сокот од моркови ќе го намали и холестеролот, кој е тесно поврзан со срцевите заболувања, а истовремено овој напиток ќе ја помогне и ќе ја олесни и работата на жолчката.

Една студија направена во САД, која имала за цел да покаже какви се позитивните влијанија врз телото на сокот од морков, покажала дека луѓето што пијат ваков сок барем двапати неделно, за 90 отсто ја намалуваат можноста за срцев удар.

Спречува појава на одредени типови рак

Редовното пиење сок од моркови ја спречува појавата на одредени типови рак, како на пример леукемијата, ракот на простатата, рак на јајниците како и ракот на дојките.

Бета-каротенот во телото дејствува на начин што успева во голема мера да ја „коригира“ оштетената ДНК, како и мутацијата на клетките и воспалителните процеси. Токму затоа морковот обезбедува многу силна заштита од појавата на овие типови рак.

Прочитајте и...  Крај на големата љубов: Шехерезада и Сулејман се пред развод, нема веќе страст! (ФОТО)

Го чува здравјето на мозокот и ја подобрува неговата функција

Овој сок придонесува кон подобрување на работата на мозокот, ја подобрува меморијата…

Меѓу другото, го намалува нивото на оксидативен стрес, а ја намалува и можноста за појава на Алцхајмерова болест и деменција.

Одличен избор за трудници и мали деца

Сокот од моркови е одличен избор за сите трудници, доилки и мали деца, бидејќи во неговиот состав се содржани калиум, калциум, магнезиум како и витамин А.

Калциумот ги зајакнува коските кај бебињата, витаминот А и Ц им помагаат на мајките и на бебињата да развијат јак имунитет и ги прави отпорни на инфекции.

Прочитај повеќе

Дневен хороскоп за 29 септември: Не се двоумете да преземете некаков ризик

Слободен печат

Виц на денот: Градежна фирма

Слободен печат

Крај на големата љубов: Шехерезада и Сулејман се пред развод, нема веќе страст! (ФОТО)

Васко Спасоски

Се породи ѕвездата на мјузиклот „Мама Миа!“: Актерката успешно ја сокри бременоста! (ФОТО)

Слободен Печат

Ријана позираше во проѕирен градник, па се искара со своја обожавателка! (ФОТО)

Васко Спасоски

Овие луѓе со исти хороскопски знаци се неверојатно компатибилни и создадени еден за друг!

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

За Каролина Гочева допрва почнува лето: Пејачката отпатува на „непозната“ дестинација и објави фотографија во бикини! (ФОТО)

Васко Спасоски

Оливија Њутн откри зошто со Џон Траволта не играа во продолжението на „Брилијантин“!

Слободен Печат

Миленикот на жирикомисијата од „Ѕвездите на Гранд“, Гоце од Прилеп сними песна! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Ова е најлошата работа која можете да ја чувате во вашиот паричник!

Слободен Печат

Од оперско пеење, до награда на „Макфест“: Интервју со Полина Тасева, новата ѕвезда на македонската музичка сцена! (ФОТО/ВИДЕО)

Васко Спасоски

После ова видео повеќе ќе посветите внимание на миењето раце!

Слободен Печат