Лесно им е на Рожер, Рафа и Новак да донираат кога имаат преку 100 милиони долари

twitter/Tennis World USA

35. тенисер на АТП ранг листата, Гвидо Пеља одлучи да им се приклучи на противниците на идејата да им се помогне на понискораннгираните тенисери.

Имено, послаборангираните стравуваат за својата егзистенција поради прекинот на сезоната предизвикан од пандемијата на коронавирусот, но Новак Ѓоковиќ во соработка со АТП и ИТФ понуди решение во формирање на финд за солидарност во кој треба да донираат најдобрите 100 тенисери на денешницата.

Но оваа идеја има противници во третиот тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим, Матео Беретини и сега во 35. тенисер Гвидо Пеља.

– Ниту еден тенисер не гладува. Јас повеќе сакам моите пари да ги донирам на луѓето кои умираат. Тоа е тажната вистина. Избирам да им помогнам на луѓето во мојот град кои умираат или немаат средства за да си купат храна, тоа за мене е поважно од спортот – вели Пеља.

Според Аргентинецот треба да се разработат некои детали од предлогот на Ѓоковиќ и АТП и како пример го наведе Кристијан Гарин кој пред прекинот на сезоната од 60. место се искачи на 18. позиција на АТП ранг листата.

– Такви нијанси треба да се разгледаат, еден тенисер постојано е пониско пласиран и заработува помалку пари но со еден добар настап на голем турнир веднаш ќе скокне 40-50 места на ранг лклистата. Не е исто како за таквите тенисери како за Федерер, Надал или Ѓоковиќ кои мора да дадат по 30.000 долари, а само од награди имаат освоено повеќе од 100 милиони долари. Ми се допаѓа што постои поддршка да им се помогне на играчите, но не се согласувам дека сме обврзани да им помагаме. Тука се согласувам со Тим, мислам дека и ОК доколку АТП ги презеде работите и воведе поголема рамноправност во наградите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот