„Лесно е да се доживее вагинален оргазам“: Митови за сексот во кои треба да престанете да верувате

Фото: Unsplash

Постојат многу различни верувања и мислења за сексот кои не само што се погрешни, туку можат и да го уништат вашиот љубовен живот. На пример, повеќето луѓе се уверени дека сексот треба да биде спонтан, но вистината е дека мора да се потрудите за да имате успешен сексуален живот. Секс терапевтите ги откриваат најголемите 8 митови за сексот во кои би требало да престанете да верувате…

Мажите треба секогаш и секаде да се подготвени за секс

Спротивно од општото мислење, мажите не можат да имаат секс секогаш кога ќе посакаат нивните партнерки. Тие не се роботи, туку и тие може да бидат уморни, загрижени, и анксиозни. Освен тоа, како што стареат мажите, им треба директна стимулација на пенисот пред и за време на сексуалниот чин. Не треба жената да биде најважна во сексот, туку заедничкото задоволство. Прашајте го вашиот партнер што го возбудува и овозможете му го тоа.

Ако не доживеете оргазам, исто како да не сте имале секс

Погрешно! Сексот е многу повеќе од самата пенетрација и доживување оргазам. Ако верувате во овој мит, време е да станете покреативни и пореалистични во врска со сексот. Сексот вклучува и бакнување, гушкање, сензуални масажи… Сексот е орална стимулација, рачна стимулација, заедничко самозадоволување и анална стимулација. Сексот е валканото зборување, читањето еротика, гледањето порно филмови заедно, играњето секс игри и споделувањето фантазии. Проширете го вашето сфаќање за поимот секс, ослободете се од притисокот и на тој начин ќе го зголемите вашето уживање и задоволство.

Треба да се чувствувате доволно привлечни за вистински да уживате во сексот

Медиумите и порно индустријата се главните виновници за тоа што жените веруваат дека мора да имаат прекрасно тело за да ужваат во сексот. Обично, мажите не ги забележуваат недостатоците на женското тело. Тие се возбудени од самиот факт што има гола жена покрај нив. Без оглед на тоа како изгледаат, ако жените си го сакаат своето тело и мажите ќе го сакаат. За ова ќе им треба време да ја прифатат и да ја засакаат сопствената оригиналност. Кога жените ќе почнат да ги ценат своите недостатоци, ќе почнат да се сакаат себеси на начин кој ќе им дозволи да ги сакаат и партнерите.

Сексуалната неверност се случува бидејќи нешто недостасува во врската

Иако некои луѓе навистина имаат афери затоа што чувствуваат дека не го добиваат она што го сакаат во врската, тоа е само една од многуте причини поради кои доаѓа до неверство. Многу луѓе кои се задоволни од врската биле неверни само затоа што се укажала прилика за тоа. Факторите како што се достапноста и минималниот ризик да бидат фатени се само дел од многуте фактори што можат да доведат до „случајни афери“. Некои луѓе повеќе се водат од инстинктот и тоа е една од главните причини зошто се случуваат неверствата, а не незадоволството од сексуалниот живот.

Лесно е да се доживее вагинален оргазам

Луѓето сѐ уште мислат дека лесно е да се предизвика и да се доживее вагинален оргазам. Вистината е дека на повеќето жени им треба клиторична стимулација за да го достигнат врвот. Многу мажи се изненадени кога ќе го чујат ова. Идејата дека мора да се постигне вагинален оргазам предизвикува притисок кај паровите. Поради тоа жените се фрустрирани, а мажите беспомошни. Постојат многу погрешни сфаќања околу тоа како жените доживуваат оргазам. Тешко дека ќе доживеете вагинален оргазам ако практикувате секс набрзина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот