Лесни рецепти за коктели за кои не ви е потребен бармен

Коронавирусот и карантинските денови ги „скршија чашите“ на сите ветени коктел средби со пријателите. Веќе имаме чувство како да поминал еден цел живот од последниот пат кога опуштено седевме во некој бар, без средства за дезинфекција на секоја маса. А насмевките на келнерите се заменија со маски на лицето.

Иако пабовите, баровите и рестораните веќе неколку месеци повторно ги отворија вратите за своите гости, сепак не е толку удобно и безгрижно како што беше порано.

Само затоа што не се чувствувате подготвени да отидете во вашиот омилен бар или ресторан, тоа не значи дека треба да го заборавите вкусот на добро приготвен коктел по долгата и напорна работна недела.

Доколку изминатиов период ви беше инспиративен за подобрување на некои од вашите вештини во кујна, тогаш овој избор на лесни коктели за кои не ви е потребен бармен е токму за вас.

Прочитајте и...  Метју Меконахи откри дека бил сексуално злоставуван како тинејџер

Ниту еден од овие коктели не е особено комплициран за правење. Од вас нема да се очекува да матите белки од јајца или да правите микс од некои чудни овошки.

НЕГРОНИ

Никако не можеме да ја почнеме листата без добропознатиот Негрони. Коктелот Негрони е измислен во 1919 година во Фиренца, Италија, од грофот Камило Негрони, кој се обидувал својот омилен коктел Американо да го направи малку посилен додавајќи малку повеќе џин. Стотина години подоцна, овој коктел го слави случајниот изум на италијанскиот гроф добивајќи сопствено место во листата на најомилени коктели во цел свет.

коктел Негрони

Потребно ви се само:

• 25мл џин

• 25мл кампари

• 25мл сладок вермут

Едноставно нели? Истурете ги трите намирници во чаша со многу мраз и промешајте пет пати. Додадете парче протокал или лимон по желба и уживајте.

Прочитајте и...  Актерот Арнолд Шварценегер беше итно пренесен во болница, по што се огласи на Инстаграм! (ФОТО)

КЕЛТСКИ ЛЕК

Преферирате нешто по есенско? Пробајте го коктелот на познатиот Валтер Пинтус. Направен со шкотски џин и кампари, овој вкус ќе ве натера да се чуствувате како да сте на прошетка низ шкотските шуми во есен. Иако е најдобро да додатете шкотски, ирски или велшки џин може да го замените и со било кој вид на џин.

Коктел Келтски лек

Еве што ќе ви биде потребно:

• 30мл џин

• 10мл кампари

• 2,5мл јаболков оцет

• ¼ јаболко

• 1 капина

• 10мл шеќерен сируп (ставете малку шеќер и вода да проврие и почекајте убаво да се излади)

Во шејкер, додадете ги јаболкото и капината. Додадете ги останатите состојки и протресете. Процедете во чашата полна мраз и украсете со друга капина. Доколку немате шејкер дома, истото можете да го направите со чиста, празна тегла.

Прочитајте и...  Адел се враќа во полн сјај: Гостување на „SNL“, нов албум, нов изглед

МОХИТО СО ВКУС НА ЛУБЕНИЦА

Температурите сè уште се високи? Време е за мохито од лубеница. Ако годинешниот одмор го поминавте само на базен или во вашата градина дозволете си го ова мало задоволство што веднаш ќе ве однесе на некоја песочна плажа.

Овој рецепт е изум на Џејмс Кохрен, готвач, во еден од најпознатите ресторани во Лондон.

Мохито со лубеница

Еве што ќе ви биде потребно:

• 1 лимета

• 2 лажици шеќерен сируп

• еден грст нане

• 100мл бел рум

• 200мл процедена лубеница

Во шејкерот или бокалот, исцедете пола лимета и додадете го шеќерниот сируп. Земете неколку ливчиња нане и изгмечете ги меѓу прстите. Потоа додадете ги румот и сокот од лубеница и протресете. Во ладна чаша, додадете кршен мраз и наполнете ја чашата со оваа прекрасна мешавина. Декорирајте со ливче нане или парче лимета.

Поврзани вести

Светот на Дизни доби нова принцеза: Запознајте ја храбрата Раја! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Кејти Холмс ужива во „скромниот“ начина на живот, заедно со своето ново момче (ФОТО)

Слободен Печат

Легендарниот омот на „Бјело дугме“: Девојката со голите гради добила шлаканица од момчето (ФОТО)

Слободен печат

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Шуфнудли со кајмак (РЕЦЕПТ)

Слободен Печат

ФОТО: Кои биле мажите што ги обожаваше Леонардо да Винчи?

Слободен печат

Девојката на Бред Пит во провокативно издание: Прескрасната Никол Португалски ги остави обожавателите без зборови! (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар