Лесни победи на Работнички и МЗТ Скопје

фото: МЗТ Скопје

МЗТ Скопје со триумфот над Куманово од 92:57 речиси го ја осигура првата позција на табелата и како прв фаворит ќе го започнат плејофот. На две кола до крајот на Суперлигата, „металците“ имаат две победи повеќе од Работнички и првата позиција би ја испуштиле доколку во дуелот со Работнички загубат со 25 или повеќе поени.

„Металците“ до осмата победа победа во осмото коло од Суперлигата дојдоа на убедлив начин откако сите дилеми околу победникот ги решија во втората четвртина која ја добија со 23:7.
Во отсуство на стандардните Бојиќ, Медфорд, Вудард и Маслинко, најпрецизни беа Магдевски со 17 и Самарџиски со 16 постигнати поени. Во редовите на Куманово, најпрецизни беа Ѓекиќ и Мекиќ со по 16 постигнати поени.

Актуелниот шампион со високи 99:70 го декласира Гостивар. Предводник на тимот од Градски парк беше Костов со 28 поени, додека Чековски уфрли 20 поени.

Во гевгелиската пресметка, Блокотехна ја продолжи победничката серија во дуелите со Кожув. Блокотехна до шестата победа во шесте натпревари сезонава , Блокотехна дојде со пресврт во последната четвртина.

Серијата од 20:3 ја „визира“ победата од 93:84 над Кожув со која дојде на чекор од обезбедување на третата стартна позиција во плејофот.
Кенет Фундербург одигра неверојатен натпревар постигнувајќи дури 40 поени, а Ѓумиќ даде 19 поени за Блокотехна, додека кај поразениот тим се истакна Пејн со 21 постигнат поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот