Лесни чекори кон здрава исхрана: Повеќе простор за зеленчукот и овошјето на вашата трпеза

Unsplash
Unsplash

Храната е животно неопходна за секој организам, но не смее да се заборави дека не треба да се претерува со нејзино козумирање. Правилниот извор на хранливи производи, нивната здрава подготовка и вештина на комбинирање се гаранција за добро здравје.

Unsplash
Unsplash

Иако ви се чини дека преминувањето во здрава исхрана е тешко и скапо, тоа не е точно бидејќи потребни се само неколку едноставни чекори со кои храната може да биде здрав и вкусна, а не е потребно да ги менувате ниту индивидуалните техники на готвење.

Почнете со користење помалку масло, односно пробајте да готвите со вода или бујон. Ако сакате да имаат шницлите кафеава коричка, запечете ги во тавче подмачкано со масло, па потоа додајте им малку вода и бујон, кој ќе ги направи сочни и вкусни.

 

Unsplash
Unsplash

Избегнувајте го црвеното месо или заменете го со мисиркино. Тоа е помалку калорично, поздраво и многу вкусно.

Unsplash
Unsplash

Преработената храна е позната по содржината на висок процент масти, шеќери, натриум и многу конзерванси. Во рецептите вклучете повеќе зеленчук, а за десерт земете свежо овошје. Изберете сезонско овошје, затоа што е поевтино. Не плашете се да експериментирате и гответе нови рецепти што ќе ви дадат можност да приготвите здрави оброци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот