Лесна пита од леб, сирење и шунка (РЕЦЕПТ)

Едноставен рецепт кој не одзема многу време и можете да го подготвувате за појадок или за вечера.

Потребни состојки:

10 јајца
350 мл млеко
2 лажички сенф
Сол и бибер
Лук во прав
Леб исечен на коцки
400 гр шунка
Сирење и кашкавал

Подготовка:

Изматете ги јајцата, па додадете го млекото, сенфот и зачините.

Во подмачкана тава наредете го лебот. Врз него ставете ги сецканата шунка и сирењето и кашкавалот. Прелијте со смесата од јајца.

Печете 45 минути. Се јаде и топло и ладно, со кечап или со јогурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот