Лесна и убедлива победа на Металург против Скопје 2020

Четврта победа за тимот од Автокоманда во ракометниот шампионат/Фото: facebook.com/rkmetalurgofficial

Денеска во рамките од 11 коло во машката Суперлига составот на Металург триумфираше над екипата на Скопје 2020 со резултат 33:24 (17:9).

Тимот од „Автокоманда“ ја прекина мини кризата од два порази и им се врати на победите, вкупно четврта во шампионатот.

Најефикасен во победничките редови беше хрватскиот интернационалец Хорват со осум голови, еден повеќе од Турчинот Озтурк. На спротивната страна по пет погодоци имаа Ф. Василевски и Чакалиќ, а четири беа дело на Димчевски.

Металург се наоѓа на осмото место со 12 бодови колку што има и деветтопласираниот Прилеп, а на дното единствен без триумф сезонава е Скопје 2020.

РК Металург: Дупјачанец, Брестовац, Бардаковски, Петров, Петковски 6, Субашевски 2, Хорват 8, Рибеиро, Лазаревски 4, Озтурк 7, Митиќ 3 и Маркоски 3. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 8 минути.

РК Скопје 2020: Стојкоски, Ф.Василевски 5, Мишевски 1, Чакалиќ 5, Тркалевски 1, А.Василевски 2, Петковски, Пешкирски 2, Грујовски 1, Благопетров, Пешевски 1, Димчевски 4, Стојановски, Киселовски, Николовски и Калајџиски 2. Седмерци: 0/1. Исклучувања: 4 минути.

Славеше и екипата на Е. Пелистер, битолчани беа подобри против Прилеп со 41:24 во пелагониската пресметка и остануваат во борба за првата позиција пред влезот за разигрување за титулата.

Суперлига (мажи)
11. коло

Петок

Металург – Скопје 2020 33:24 (17:9)
Прилеп – Е. Пелистер 24:41 (12:22)

Табела:
1.Е. Пелистер 30 бодови
2.Вардар 1961 27
3.Е. Пелистер 2 22
4.Бутел 21
5.Т. Пролет 21
6.Охрид 15

7.Тиквеш 15
8.Металург 12
9.Прилеп 12
10.Струга 7
11.Радовиш 3
12.Скопје 2020 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот