Лесна и посна: Салата со грав, маслинки и кромид

Фото: Pixabay

Доколку се двоумите што вкусно и посно да подготвите за ручек, а притоа сте во трка со времето оваа салата ќе ви ја олесни работата. Се подготвува брзо, доколку користите конзервиран грав – кој е главната состојка во салатата, а притоа може да експериментирате додавајќи зачини и различни видови зеленчук.

Од нутритивен аспект гравот може да се вброи во т.н. супер-храни. Тој освен што е богат со макронутриентите како протеини и јаглехидрати, богат е и со растителни влакна, а содржи и низа на микронутриенти, вклучително: магнезиум, железо, фолна киселина, витамин В6 и многу други.

Состојки:

– 250 г. бел грав
– 1 главица кромид
– 50 грама зелена салата
– 20 црни маслинки
– 3 лажици сечкан свеж магдонос
– сок од 1 лимон
– сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

Измијте ја зелената салата и листовите убаво наредете ги на чинија за сервирање. Ако користите грав од конзерва подготовката е многу едноставна. Белиот грав треба да се свари во солена вода на тој начин што зрната ќе останат цели, односно да не бидат преварени.

Сварениот грав исцедете го и оставете го на страна убаво да се олади. Кромидот исечкајте го на ситни парченца. Во посебен сад измешајте го внимателно гравот, кромидот, додадете ги маслинките и ситно исечканиот магдонос.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот