Лешочкиот манастир добива паркинг од 2300 квадратни метри

Почна финалната фаза од изградбата и уредување на голем паркинг простор меѓу Лешочкиот манастир и специјализираната болница за белодробни болести и ТБЦ во тетовски Лешок. Денеска почна асфалтирање на целокупниот простор од 2300 метри квадратни.

-Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир го прими градоначалникот на општина Теарце г. Исен Асани кој беше да види како се одвива релизацијата на проектот за уредување и изградба на паркинг простор во Лешочкиот манастир. Проектот се финансираше со средства на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој,а дел и од сопствени средства на манастирот, информираа денеска од епархијата.

Од 1 февруари во Лешочкиот манастир започна градба на новиот конак кој во текот овие десет месец беше изграден и уреден.

Воедно, во склоп на манастирот од 2019 година во неколку фази се врши конзервација и заштита на фрескоживописот во манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица”, како и дренажа околу храмот со цел заштита од подземни води.

Дел од проектот воден од Националниот конзерваторски центар е реконструкција на стариот конак до црквата „Свети Атанасиј”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот