Лешник – лек и храна

Уште одамна лешникот се користел за лекување на многу болести. Се верувало дека лешникот е плод на мудроста и на знаењето. Кога лешниците богато би родиле, се верувало дека претстои долга и ладна зима и дека следната година ќе се родат многу деца.

Лешниците се користени и како симболи на плодноста во обредите на свадбите. Невестата која третиот ден по венчавката би делела лешници, би потврдувала дека во бракот влегла невина. За бракот да биде среќен, бабата на зетот за време на свадбениот ручек му посипувала на главата лешници и зоб.

Плодовите на лешникот содржат 55-73% заситени масни киселини. Содржината на белите е 12 до 18%. Лешникот содржи просечно и до 5 пати повеќе калиум од останатото овошје, железо трипати повеќе, а многу е богат со магнезиум, калциум и флуор. Од витамините содржи фолна киселина десетина пати повеќе отколку останатото овошје, витамин Е и пантотенска киселина.

Во народната медицина од кората на лешникот се прави чај од кој се прават облоги за отворените рани настанати од проширените вени на нозете. Чајот е добар и како лековито средство против пролив, а се користи и за лекување на хемороиди.

Најновото истражување покажува дека лешниците се одлични во превенција на срцевите болести. Шпанските научници, автори на ова истражување, нагласуваат дека покрај лешници треба да се јаде медитеранска храна во која првенствено се застапени рибите, лукот и свежото овошје бидејќи со комбинирање на брза храна резултатот изостанува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот