Лесен триумф за Зверев, Тим спречи сензација

твитер

Австриецот и Германецот ги оправдаа улогите на фаворити во своите дуели и се пласираа во третото коло на Австралија Опен.

Седмиот носител, Александер Зверев без многу мака во три сета со 7:6,6:4,7:5 го совлада Белорусинот Герасимов и за прв пат во Мелбурн тој не губи сет во првите две кола.

За разлика од Зверев, петтиот носител, Доминик Тим успеа да спречи сензација и го совлада 140. тенисер на светот, Алекс Болт. Тим губеше со 1:2 во сетови но на крајот по три и пол часа победи со 6:2,5:7,6:7,6:1,6:2 и обезбеди пласман во третото коло.

Успешен настап имаше и четвриот носител, Данил Медведев кој во три сета со 7:5,6:1,6:3 го совлада Педро Маринес. Успешен настап во второто коло на Австралија Опен имаа и Гаел Монфилс и Џон Иснер.

Кај дамите, рутински победи остварија Каролина Плишкова и Анџелик Кербер. Плишкова со 6:3,6:3 ја победи Лаура Зигмунд, додека Кербер со 6:3,6:2 ја елиминира Присила Хон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот