Лепа Брена со фотографиите од пред 33 години ја разбуди носталгијата кај фановите

Лепа брена

Лепа Брена се присети на периодот пред триесетина години кога жареше и палеше на музичката сцена на бивша Југославија и на Инстаграм сподели фотографии од тој период, за споредба со едни од најновите фотографии.

На фотографиите од младоста Брена е русокоса, а на новата позира како долгокоса бринета.

Со фотките од 80-те години Лепа Брена кај многумина ја разбуди носталгијата.

Нејзините верни обожаватели ја затрупаа со комплименти за изгледот, а некои ја споредија со легендарната Шер.

Instagram
Instagram

Пред извесно време Брена се присети на своите почетоци со групата „Слатки грех“ во 1960 година.

„На 6 април 1980 година почнува приказната на бендот „Слатки грех“ и Лепа Брена…“

„Крупната висока девојка од Брчко станува нова пејачка, а на почетокот оспоруваното музичко шоу станува атракција која сите сакале да ја видат.“

„7-члениот бенд подоцна го менува името во „Слатки грех“ и стануваат најпопуларни ширум Југославија, оставајќи неизбришлива трага во музиката.“

„Посетите на концертите, продажбата на плочите, остануваат симбол на едно време.“

View this post on Instagram

#lepabrena #arhiva #slatkigreh ❤️❤️

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa_fann) on

Бендот кон средината на 90-те се повлече од сцената, а последен пат музичарите се собраа во 1994 година на Ташмајдан на концерт на Лепа Брена.

View this post on Instagram

#lepabrena #sasapopovic #slatkigreh

A post shared by Tresherana (@tresherana2) on

 

View this post on Instagram

Kako smo poceli???

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот