Лепа Брена од оваа диета ослабе 17 килограми! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Лепа Брена успеа да ослаби 17 килограми за шест месеци благодарение на посебен режим на исхрана, кој, во почетокот, не ѝ бил лесен.

– Навистина звучи невозможно да се издржи диета шест месеци“, изјави популарната пејачка во едно свое интервју, додавајќи дека на тој чекор ја натерал коментарот на еден келнер, кој кога ја видел, верувале или не, рекол: „Мислев дека ќе дојде популарната пејачка, а пред себе гледам трафостаница.

 

View this post on Instagram

 

14. I 15. 12.Zagreb????

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Иако коментарот бил болен за неа, 59-годишната пејачка одлучила да го донесе своето тело во совршена состојба.

– Обично појадував едно или две јајца наутро. Настојував тоа да бидат органски јајца. За ручек обично јадев посна супа, без маснотии и тестенини. Всушност, тоа беше вода во која зеленчукот беше само бланширан, а не варен до степен да се уништи, па да не добиете ниту еден витамин од целата приказна. Дефинитивно имаше некое месо печено на скара или варено месо, затоа што е полесно за дигестија. За вечера, јадев парче риба или месо, со салата“, раскажала Брена.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот