Лепа Брена ја бива и за пеење и за друг „таен“ бизнис: „Првпат слушам дека Лепа Брена продава плескавици, тоа е невозможно!“

лепа брена
Фото: Instagram

Познатата пејачка Лепа Брена наводно речиси 30 години има бизнис за брза храна во Нови Сад, за кој малкумина знаат.

Таа е една од најголемите балкански ѕвезди, но и успешна кога станува збор за работата. Беше сопственичка на музичкиот гигант во Србија, „Гранд продукција“, но не заработуваше само од тоа. Имено, според Телеграф, во 1993 година, Брена отворила киоск за брза храна во Нови Сад!

Лепа Брена
инстаграм

„Иако сите знаат дека Брена ја продаде „Гранд продукција“, ретко кој знае дека таа поседува и друг бизнис. Во центарот на Нови Сад поседува локал за брза храна, што за неа е добредојден бизнис на кој е сопственичка“ – окрива извор близок до пејачката.

Но, Новосаѓани не знаат баш дали е вистина оваа информација.

„Првпат слушам дека Лепа Брена продава плескавици, тоа е невозможно! Па и смешно е, покрај толку заработка од пеење и останати ангажмани со „Гранд“ да се занимава со продажба на брза храна“ – вели еден од нејзините соработници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Според изворот, Брена избрала да отвори бизнис во Нови Сад затоа што одреден период од животот го има поминато таму, кога настапуваше со бендот „Сладок грев“.

Освен заработката од „Гранд“, Лепа Брена заедно со нејзиниот сопруг Бобан Живојиновиќ поседуваат и лаунџ бар во Златибор, а порано биле увозници на познат енергетски пијалок, како и американски автомобил. Нивниот помлад син Виктор исто така се занимава со угостителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот