Леонардо Дикаприо во нова хуманитарна мисија: Многу е важно во време на оваа голема криза да се држиме заедно

Фото: Profimedia

Американскиот глумец Леонардо Дикаприо се придружи во кампањата за поддршка на најстариот резерват на природата во Африка, по минатомесечниот смртоносен напад на чуварите на горилата во националниот парк „Вирунгa“ во Конго.

Националниот парк „Вирунгa“ е популарна туристичка атракција. Резерватот е познат како живеалиште на загрозени видови планински горила. Во април годинава од заседа беа убиени 12 чувари, а се претпоставува дека нападот го организирала паравојната група од Руанда.

Дикаприо одлучил финансиски да помогне на новооснованиот фонд, чија цел е да пружи потпора на обновата на паркот.

Profimedia

„Earth Alliance“, групацијата во чие основање учествувал и глумецот, донирала околу два милиони долари.

„Ми беше голема чест да ги запознаам храбрите членови на тимот на резерватот „Вирунгa“ во нивната борба против илегалното вадење нафта во 2013 година“, рече глумецот, кој беше извршен продуцент на филмот „Вирунгa“ од 2014 година, номиниран за Оскар.

„На Вирунгa итно му се потребни средства за заштита на загрозените видови планински горила, како и за помош на чуварите и на семејствата на загинатите кои биле на должност. Многу е важно во време на оваа голема криза да се држиме заедно“, рече Дикаприо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот