Лео Меси со сериозен „ултиматум“ до Барселона!

twitter.com/thesemilore

Лионел Меси сака во клубот да дојдат Џошуа Кимих од редовите на Баерн Минхен и Милан Шкрињар од екипата на Интер.

Аргентинскиот репрезентативец импресиониран од фудбалската „уметност“ на споменатото дуо и верува дека овие двајца би имале клучна улога во борбата за најголемите трофеи.

Кимих има 24 години, а дресот на баварскиот гигант го облече во летото 2015 година од Штутгарт за 8,5 милиони евра.

Од друга страна, словачкиот дефанзивец од „Џузепе Меаца“, кој исто така има 24 гдоини, во ги брани боите на „неро-аѕурите“ нешто повеќе од две години, а калчолигашот смета дека не е на продажба.

Меси го рече своето, сега на ред се челниците на Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот