Лео Меси против Ремс ќе дебитира во дресот на ПСЖ

Меси во составот на ПСЖ за дуелот со Ремс во француската „Лига 1“/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Тоа ќе биде можност за повторно обединување на тандемот Меси-Нејмар на теренот, а и натаму е неизвесно дали Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ.

Навивачите на ПСЖ, како и сите други љубители на фудбалот во светот, се прашуваа кога Лионел Меси ќе дебитира за париските „светци“, по сензационалниот трансфер од Барселона.

Откриена е „тајната“, се очекува Аргентинецот за првпат да го носи дресот на ПСЖ на 29 август, на гостувањето кај Ремс, во рамките од францускиот шампионат („Лига 1“).

– Одиме чекор по чекор, се запознаваме, сакаме да се чувствува удобно, да игра кога е целосно подготвен – вели тренерот на клубот, Маурисио Почетино.

После две одиграни кола во првенството по максимални шест бодови на делба на првото место се Анжер, Клермон и ПСЖ.

Џордан за еден викенд заработи богатство од дресовите на Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот