Лео Меси не е повеќе на врвот со најголема заработка во светот

Нејмар и Лионел Меси, членовите на ПСЖ се во Топ 5 најплатени светски фудбалери/Париз, Франција/19 септември 2021/ Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

На првото место на листата најплатени фудбалери на светот сега е повратникот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо.

Португалецот во сезоната 2021/2022 ќе заработи 107 милиони евра пред оданочување, според „Форбс“ во својот извештај, од кои 60 милиони евра се однесуваат на платата и бонусите што ќе ги добие за враќање на „Олд Трафорд“.

Остатокот ќе дојде на неговата сметка од други бизниси и рекламирање на најсилните светски брендови.

Само тројца спортисти ќе заработат повеќе од реклами од Роналдо, тие се Рожер Федерер, тенис (77 милиони евра), Леброн Џејмс, кошарка (55) и Тајгер Вудс, голф (51).

Второто место според договорените суми што ќе ги добие му припаѓа на Лионел Меси, кој летово се пресели од Барса во ПСЖ и кој во тековната сезона ќе заработи 64 милиони евра од парискиот клуб, а вкупно 94 милиони.

ПСЖ сега има тројца од петмината фудбалери со најголема заработка. Веднаш зад Меси е Нејмар со 81 милион евра, а потоа следува Килијан Мбапе со 37 милиони евра. Топ 5 листата ја затвора Мохамед Салах од Ливерпул со 35 милиони евра заработка пред оданочување.

Мендеш имал план да го врати Роналдо во Шпанија, но не во Реал Мадрид

Видео на денот