Лео Меси како во најдобрите денови! (ВИДЕО)

фото: твитер

Повеќе од два месеци играчите на Барселона беа во карантин, но од неодамна се полн тренажен процес.

Моментно најдобриот фудбалер според ФИФА едвај го чека враќањето на терените и продолжи сезоната во најсилното шпанско првенство.

Повеќе од два месеци играчите на Барселона беа во карантин, но од неодамна се полн тренажен процес.

Се најавува дека во јуни ќе продолжи сезоната во „Ла Лига“, а до прекинот поради пандемијата на коронавирус водеше Барса во генералниот пласман со два бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Ќе се врати тогаш и Лионел Меси кој очигледно е полн со енергија и подготвен за нови блескави моменти.

На последниот тренинг кој го објави каталонскиот клуб се гледа големата борбеност на Аргентинецот, ја украде топката, а потоа и на ефикасен начин ја затресе мрежата на Тер Штеген, а сигурно ова ги радува уште повеќе и навивачите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот