Лео Меси дојде во Париз, но ПСЖ го очекува тежок удар!

ПСЖ сонува титула во ЛШ со Меси/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Сагата за заминувањето на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид наскоро ќе заврши, откако добро информираниот шпански новинар Жозеп Педрерол објави дека Французинот ќе побара од сопственикот Насер Ал Келаифи да започне преговори со „кралскиот клуб“ во понеделник.

Со недели се шпекулира за заминување на францускиот фудбалер од Париз, а како што се ближи крајот на преодниот рок, многу почесто се слуша дека Мбапе наскоро ќе биде прогласен за ново засилување на Реал Мадрид.

Педрерол, еден од најценетите шпански новинари, во вонредното издание на „Ел Чирингита“ објави дека Мбапе во понеделник ќе разговара со сопственикот на ПСЖ и дека ќе побара од клубот да започне преговори со Мадрид.

Дали Мбапе наскоро ќе го облече „кралскиот“ дрес?/Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Исто така, Педрерол наведува дека договорот меѓу двете страни ќе се реализира во последната недела од август, и дека од септември ќе го гледаме Килијан во дресот на клубот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Некои медиуми пишуваа дека претседателот на Реал, Флорентино Перез бара од Мбапе јавно да каже дека сака да оди во Мадрид, и дека тогаш ќе започнат преговори, но Педрерол наведува дека тоа нема да се случи бидејќи 22-годишниот напаѓач го почитува ПСЖ и нема да напушти го клубот ..

Ал Келаифи на прес-конференција организирана по повод доаѓањето на Лионел Меси рече дека Мбапе сега има причина да остане, но во последните недели неколку пати протекоа информации дека тој не сака да игра со еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Се претпоставува дека Мадрид ќе мора да понуди минимум 120.000.000 евра за услугите на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Понуда од 120 милиони евра за Мбапе, дали ПСЖ ќе ја прифати?

Преговорите не се започнати, но доколку се верува човекот кој ги откри и најави заминувањата на Серхио Рамос, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо, и доаѓањата на Еден Азар, Лука Јовиќ и тренерот Зинедин Зидан, пред нас е уште еден голем трансфер.

Да потсетиме, покрај Меси, париските „светци“ ги донесоа уште Рамос, Ашраф Хакими, Џорџино Вајналдум и Џанлуиџи Донарума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот