Лени Кравиц доаѓа во Скопје со десет камиони звук и светло

На речиси еден месец пред одржувањето на големиот концерт на Лени Кравиц во Скопје, познати се сите технички детали, информираат од „Авалон продукција“.

„Лени Кравиц е познат како музичар кој кога тргнува на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција. Па така, во Скопје доаѓаат десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција. Сево ова е доказ дека Скопје ќе види многу големо шоу какво што Лени Кравиц ќе одржи на сите свои концерти во рамките на турнејата Raise Vibration, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре“, се вели во соопштението од „Авалон продукција“.

Интересот за овој концерт е огромен во целиот регион, а влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот