Лени Кравиц доаѓа во Скопје со десет камиони звук и светло - Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Лени Кравиц доаѓа во Скопје со десет камиони звук и светло

Лени Кравиц е познат како музичар кој кога тргнува на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција

На речиси еден месец пред одржувањето на големиот концерт на Лени Кравиц во Скопје, познати се сите технички детали, информираат од „Авалон продукција“.

„Лени Кравиц е познат како музичар кој кога тргнува на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција. Па така, во Скопје доаѓаат десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција. Сево ова е доказ дека Скопје ќе види многу големо шоу какво што Лени Кравиц ќе одржи на сите свои концерти во рамките на турнејата Raise Vibration, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре“, се вели во соопштението од „Авалон продукција“.

Интересот за овој концерт е огромен во целиот регион, а влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close