Ленарчиќ: Моето присуство во Албанија покажува солидарност

Европскиот комесар за справување со кризи, Јанез Ленарчиќ, денеска допатува во Албанија.

По средбата со премиерот Еди Рама и Министерот за земјоделство и координатор за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, заедно отпатуваа за Драч, најпогоденото место од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември.

Тој во детали бил запознаен со првичните проценки за штетите и за што Албанија има потреба.

Ленарчиќ изјавил дека неговото присуство во Албанија е показател на солидарност и поддршка, ветувајќи при тоа максимално ангажирање и солидарност да се стори се за надминување на тешката ситуација.

– Моето присуство покажува солидарност. Целта е Албанија да не чувствува дека оваа ситуација ќе ја надминува сама, а на граѓаните дека не се осамени во оваа ситуација. Имаме силна и цврста посветеност да сториме се што е можно во оваа тешка ситуација, рекол еврокомесарот.

Освен Драч тој ќе го посети и кампот во Вора, општина во близина на Тирана.

Инаку, Европската Комисија вчера соопшти дека одлучила за санирање на штетите од разорниот земјотрес на Албанија да и додели 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот