Лекови на рецепт без ограничување се подигнуваат во 43 аптеки

лекови

Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека лекови на рецепт без ограничување, односно без квота ќе може да се подигнуваат во 43 аптеки кои се лоцирани во Охрид, Струга, Ресен, Дојран и во Гевгелија, од околу 800 со колку ФЗО има договор. Граѓаните реагираат дека со оваа мерка може да се подигне само хронична терапија бидејќи матичните лекари им се во градовите каде живеат, а не во тутистичките места.

– Од оваа мерка бенефит ќе имаат само за повозрасните пациенти кои примаат хронична терапија за крвен притисок, шеќер или нешто слично. Но ако добиеш некоја инфекција на грло, уво, нос, очи или нешто друго што не може да се предвиди и треба антибиотик ќе те прегледа лекар и ќе ти препише лек, но само приватно може да се купи, бидејќи матичните ни се во градовите каде живееме – реагираат пациентите.

Во текот на денешниот ден ќе има информација дали лековите ќе се подигнуваат само со рецепта или ќе треба и некаков документ за идентификација.

-Во овој преоден период може и да не се бара документ за идентификација. Но на есен кога ќе се укинат целосно квотите ќе мора да се приложи лична карта или патна исправа. Тоа не значи дека ќе мора лично да се оди во аптека, може некој роднина да го подигне лекот, но ќе мора да приложи документ за лична идентификација – објаснуваат од Фондот за здравство.

Во однос на тоа дали аптеките ќе имаат доволно количини на лекови, согласно барањата на пациентите од ФЗО објаснуваат дека тоа зависи од менаџерските способности на сопственикот.

-Аптеките секако дека не може да држат неограничени количини на лекови, но тоа треба да биде согласно потрошувачката во изминатите месеци и треба да следат што им недостасува. Во нивна корист е да издадат повеќе рецепти – објаснуваат од Фондот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот