Лекот „ранитидин“ повлечен и од нашите аптеки

лекови

Лекот „ранитидин“ во петокот е повлечен и од нашите аптеки, откако стаса предупредување дека тој може да биде опасен. Информацијата за повлекување на лекот во регионов прво ја објавија српските медиуми.

Како што објави српската агенција за лекови причина за повлекување на лекот е сомнеж на количината на пронајдени нечистотии во супстанцата на лекот. Европската агенција за лекови ќе ги провери сите готови лекови што содржат активна супстанција ранитидин хидрохлорид од различни производители. Контролата е почната на 12 септември.

Од нашата Агенцијата за лекови објаснуваат дека нитрозамини се ставаат во супстаниции кои што можат да предзвикаат канцер.  Во случајот со ранитидинот треба дополнително да се испита дали пациентите кои користат ранитидин се под било каков ризик. Лекови кои содржат ранитидин како активна супстанција имаат широка примена кај болни кои имаат проблеми со желудник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот